ЛДП: Наместо „празни“ интерпелации, ДУИ да го поддржи нашиот предлог за намалување на банкарските провизии

Од:

Либерално-демократската партија апелира на одговорно и совесно однесување од сите политичари и политички партии, нo пред сѐ, како граѓани на оваа земја.

„Сега не е време за нови поделби и сите заедно не смееме да дозволиме одредени сили во земјата повторно да создаваат тензии и поделби на народот. Доколку ДУИ навистина сака да покаже доблест и вистинска грижа за граѓаните и државата, ќе го поддржи предлогот на ЛДП, кој претседателката и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, го достави пред две недели, а со кој се намалуваат и укинуваат неоправдано високите банкарски трошоци. Со поддршка на овој предлог, од кој сите граѓани на Македонија без разлика на нивната вера, националност и етничка припадност ќе имаат повеќе пари во нивните џебови, ДУИ ќе покаже дека навистина застанува на страна на граѓаните и ги брани нивните интереси. Сѐ останато е само уште една епизода на популизам, задоволување на лични интереси и собирање на дневни политички поени. ЛДП оценува дека интерпелациите поднесени од страна на ДУИ за првиот вицепремиер Изет Меџити, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерката за внатрешни работи Астри Исени и министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, се неосновани и во моментов, целосно непотребни“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски