ЛДП: Министерот Изаири си поигрува со аерозагадувањето!?

Од:

„Либерално-демократската партија бара одговор од министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, по кои критериуми и проценки избрал да ги испитува причините за аерозагадувањето само во градовите Тетово и Скопје.

Како партија на која врвен приоритет и’ е здравата животна средина за граѓаните на Република Македонија, е неприфатливо парцијалното и дискриминирачко однесување на Министерството за животна средина, кое ги утврдува причините за аерозагадувањето само во овие два града, кога се знае дека уште најмалку три градови – Битола, Кичево, Кавадарци, секојдневно дишат смртоносен воздух, а последиците од него силно и болно удираат врз здравјето на граѓаните.

Од таму, ЛДП јавно го прашува министерот Изаири, дали си поигрува со сериозноста на проблемот со аерозагадувањето?

Дали влечел жрепка или пак му се сонило од дузина енормно загадени градови во Македонија, да ги избере само Тетово и Скопје за поставување на филтри или се работи за несериозен и популистички пристап кон овој горлив проблем како дел од кампањата на власта пред закажаните парламентарни избори.

Да не бидеме погрешно толкувани, како партија, ја поддржуваме реализација на проектот на Министерството за животна средина, заедно со владите на Финска и Австрија со поставување на филтри да ги утврдат причините и потеклото на штетните материи во воздухот , но недвосмислено сметаме дека тоа не е доволно и не го решава проблемот.

Уште стотици илјади граѓани, надвор од Тетово и Скопје, секојдневно ги дишат смртоносните ПМ 10 и ПМ 2, 5 честички, а државата не прави ништо за намалување на аерозагадувањето.

Од таму бараме аерозагадувањето, причините и потеклото на штетните материи да се испитуваат во сите градови каде мерните станици секојдневно покажуваат високо ниво на загаденост на воздухот. Во спротивно ќе сметаме дека министерот Изаири потврдува дека РЕК-Битола ја загадува Битола, РЕК-Осломеј градот Кичево , а Фени Индустри  го загадува Кавадарци, но не презема ниту малку одговорност за последиците од загадувањето од овие индустриски капацитети“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Потребни се и санкции за оние кои ги злоупотребуваат службените возила за приватни цели

Горан Наумовски

Зајкова: За 20 години требаше да имаме 80 отсто усогласеност на законодавството со ЕУ

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто

Кузеска: Власта да не го игнорира загадувањето, да ги прифати и да ги реализира мерките на СДСМ

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица