ВИДЕО: ЛДП ќе поднесе иницијатива за легализација на марихуаната, партијата тврди дека не е поврзано со Богоевски

Од:

Пратеничката Јулијана Николова од ЛДП најави дека како пратеничка група ќе иницираат закон за легализација на марихуаната, не само за медицинска употреба како што беше досега, туку за општа употреба.

Како што рече Николова, ова законско решение ќе го иницираат со цел сите во општеството да имаат еднаков пристап.

Не сакаше да коментира за нејзиниот колега Павле Богоевски и рече дека аудио снимката на која се слуша неговиот глас не е докажано дали е автентична.

На прашањето каква е разликата помеѓу „бомбите“ од 2015 година и оваа аудио снимка, Николова рече дека се работи за два различни моменти.

„Во оваа снимка која што не е докажана, се надевам дека институциите ќе се занимаваат со тоа, се работи за напад на достинството на поединец, а во 2015 се работеше за цела политичка гарнитура која работеше против интересите на државата и има разлика. Дали пратениот треба да поднесе одговорност, не можам да зборувам во негово име, ќе си каже самиот“, рече Николова.

На прашањето зошто токму сега инцираат легализација на марихуаната по скандалот со Богоевски, Николова образложи дека нема поврзаност со настанот и дека на овој проект работеле со месеци во соработка со неколку амбасади и со Здужението „Билка“.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Царовска: Недела неработен ден и плаќање по час се новите предизвици на кои треба да работиме идниот период

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шкријељ: Наша најважна цел е да ја искорениме детската сиромаштија, да обезбедиме еднаква шанса за секое дете

Ана Ололовска

СДСМ: Како ќе се наближува денот на изборите, така ВМРО-ДПМНЕ ќе ја зголемуваат продукцијата на лажни вести

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Агенда Социјална заштита 20-24: Општините ги приклучуваме во системот за социјални услуги

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Царовска: Повеќе од 300.000 граѓани сега земаат плата повисока од 18.000 денари

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Салихи: СДСМ ги зголемува можностите за вработување на младите, донесен Законот за младински додаток

Ана Ололовска