СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

Од:

Денес истекува рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, до 1 јуни да ги исполни сите 10 точки од Реформската агенда. Сведоци сме на уште едно неисполнето ветување и уште една голема лага, се вели во соопштението од СДСМ.

Тој дојде на власт со лаги. Вети дека ќе го врати името, дека ќе го укине Преспанскиот договор, дека ќе обезбеди подобри преговарачки услови, поголеми странски инвестиции и подобар животен стандард. Најмногу лажеше дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се загрозени. Што добивме?

– Признаа дека нема да го вратат името, во „БЈРМ“ или „ФИРОМ“. Мицкоски го нарече Преспанскиот договор ремек-дело на дипломатијата. Гордана Сиљановска призна дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се заштитени и апсолвирани. Тимчо Муцунски призна дека НАТО е „феноменална работа“ и дека создава поволна клима за инвестиции. Странсккте инвестициите паднаа за 60%. Економијата е полоша, нема зголемување на минималната плата, инфлацијата е многу повисока отколку во ЕУ. Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај. Не го вратија името, не го укинаа Преспанскиот договор, создадоа конфликти со соседите, не исполнија ниту еден услов.

Доста е со лагите! Граѓаните на Македонија повеќе не сакаат да ја плаќаат цената за Мицкоски и неговата криминална група. Не сакаат тие, нивните семејства и нивните деца да ја плаќаат цената на изолацијата и грабежот. Распишете референдум! Граѓаните сами нека одлучат за својата иднина. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он