ЛДП ќе го поддржи консензуалниот кандидат за претседател

Од:

Либерално – демократската партија ќе го поддржи консензуалниот кандидат за претседател, кој ќе биде усогласен меѓу партиите на владејачката коалиција, но и со останатите вонпарламентарни партии. Оваа одлука членовите на Извршниот одбор ја донесоа на вечерашната седница.

„За Либерално – демократската партија од исклучителна важност е Република Северна Македонија да добие претседател кој ќе ги обедини сите нејзини граѓани, без оглед на нивната национална, етничка или верска припадност, но и претседател кој ќе промовира заедништво, стабилност и реформски капацитет во државата.

Во овие историски моменти за нашата држава поважно од кога било е да се обединиме и заенички да градиме економски развиено, стабилно и просперитетно општество.

Од своето постоење до денес Либерално – демократската партија покажала дека државните и националните интереси се секогаш на прво место“, соопшти партијата.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ