ЛДП и ВМРО-НП: Окрупнување на опозицијата за рушење на власта

Од:

„Потребно е да се вложат максимални напори од сите страни за окрупнување на опозицијата во Република Македонија и единствено делување на сите опозициски партии за промена на оваа недемократска власт“.

Ова е еден од заедничките заклучоци на денешната средба на лидерите на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски и на Либерално-демократката партија, Горан Милевски, на која се разговараше за актуелната политичка состојба во државата и ставовите на двете партии по истата.

Двајцата лидери сметаа дека кон опозицијата треба да се приклучат и сите граѓански здруженија и слободоумни граѓани кои не се согласуваат со ваквиот начин на владеење во државата.

„Само со обединети сили може да се промени еден систем кој владее авторитарно. После изборите, еден од приоритетите на новата власт треба да биде демократизација на политичкиот систем и општеството во целина, како и воведување на отворени листи. Република Македонија да биде една изборна единица, а неопходни се и измени за подобрување на начинот на финансирање на политичките партии, истакнаа двајцата лидери на денешната средба“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он