ЛДП: Груевски да го врати мандатот и да не помисли да го попречува СЈО

Од:

„Никола Груевски да го врати мандатот за составување нова влада и да не се надева дека ќе успее да го укине Специјалното јавно обвинителство. Јасно е како ден дека за да се спасат од одговорност, осомничените од ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да на се’ само за да се осигураат дека СЈО нема да продолжи со работа.

Но, партијата на Али Ахмети веќе знае дека мора да ја искористи шансата и во овој тежок момент за Република Македонија да одигра вистинска државничка улога, а не да се однесува вазалски кон ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем и албанските гласачи јасно и недвосмислено на изборите ја упатија пораката дека коалицијата на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ значи губење на евротланските перспективи на државата, продлабочување на економската криза, како и влошување на меѓуетничките односи и можности за соживот на сите граѓани на државата.

Уште еднаш го повикуваме Груевски да го врати мандатот, со цел брзо да се формира влада на чело со опозицијата, влада која ќе се зафати со реализација на реформските приоритети од Извештајот на Прибе, која ќе го почитува Договорот од Пржино и нема да ја попречува работата на СЈО“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи