ЛДП: Ги поздравуваме мерките на Град Скопје за справување со воздухот убиец!

Од:

„Либерално-демократската партија ги поздравува и ги смета за издржани предложените мерки на Градот Скопје, за справување со загадениот воздух. Истите се добра основа за почеток на процесите кои ќе доведат до намалување на загадувањето во градот, почист воздух и здрава животна средина за сите граѓани.

Иницијативата на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, да се иницираат законски измени за еколошко мапирање на возилата е за почит и ЛДП целосно ќе застане зад таа идеја со своја поддршка во Собранието на Република Македонија. Предлозите за нас се исклучително конструктивни, и дел од еден интегративен процес, а не лицемерни како на доскорешната власт која освен загриженост за жал не покажа никакви резултати во борбата со воздухот убиец.

Од некаде мора да се почне, заради опасноста од загадениот воздух по здравјето на граѓаните и квалитетот на живот!
Мапирањето на возилата во еколошка смисла очекуваме да даде резултати во намалување на штетните ПМ 10 и ПМ 2,5 честички во воздухот, дотолку повеќе што анализата на категоризација на возилата по издувни гасови, ќе се прави согласно правилата на Европската унија.

ЛДП смета дека ваквиот чекор на градоначалникот Шилегов дополнително има основа за охрабрување со оглед на фактот што нема да има дополнителни финансиски трошоци врз семејниот буџет на граѓаните.

За нас, оправдана е и мерката за скалесто зголемување на цената на паркирање, а истовремено ќе доведе кон намалување на цената на јавниот градски превоз, во деновите на енормно загадување.

Како партиципиенти во власта, ЛДП, ќе придонесе и за поскора реализација на проектот за гасификација на поголемите градови како мерка која на подолг рок ќе значи пониски и прифатливи вредности на загадувањето во градските средини“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски