ЛДП: Дали Тодоров, министерот за се, ќе земе скалпел и сам ќе оперира?

Од:

Повеќе од месец дена трае штрајкот во здравството, а власта откако прогледа и конечно го виде штрајкот, ја примени вообичаената тактика-да направи експресно контра-синдикат и контра-протести.

Она за што ЛДП е посебно загрижена е дека јавното здравство ќе остане без специјалисти. Дали со тоа се остварува стратегијата на власта стручњаците сами да се откажат и да заминат по приватните клиники или во странство.

Го прашуваме Никола Тодоров, човекот кој е на привремена работа министер за здравство, дали има доволно стручни вмровски кадри за да ги преземат местата на специјалистите, за да не мора граѓаните ни криви ни должни да ги плаќат скапите здравствени услуги по приватните клиники.

Или пак, министерот за секој ресор, ќе земе скалпел в рака и сам ќе оперира?

Сакаме уште еднаш да ја потенцираме целосната поддршка што ЛДП им ја дава на оние вистинските лекари, бидејќи граѓаните заслужуваат квалитетна здравствена услуга.

Велиме, вистинските, бидејќи оние на контра-протестот, на кои не им ја спориме стручноста, мораа да ја одработуваат партиската агенда и задача.

Оние кои бараа да не се меша политиката, се длабоко навлезени во неа.

„Непартискиот “Александар Шиколе, е член е на ВМРО-ДПМНЕ, од 2005 до 2009 година претседвач на Советот во општина Ѓорче Петров.

„Непартиската“ Марија Андоновска, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и несуден советник во Ѓорче Петров.

„Непартискиот“ Борче Георгиевски е член на ВМРО-ДПМНЕ, и советник од оваа партија на град Скопје

„Непартиските“ Андон Чибишев, Николче Николовски, Горан Мицевски, Марија Хаџи Лега, Аспазија Софија, Виктор Камиловски, сите се докажани кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики