ЛДП: Дали помилувањето на изборниот криминал е увертира во укинувањето на СЈО?

Од:

„Уставниот суд мора да биде свесен за политичкиот моментум во државата и да застане во заштита на уставноста, правниот систем и демократијата. Одлуките на овој суд не смеат да бидат повод за раздор меѓу граѓаните.

Во услови кога правото на граѓаните да живеат во демократско општество, правото да избираат и да бидат избирани е на криминален начин фалсификувано и узурпирано, Уставниот суд е должен да ги заштити тие свети нешта за секој демократски систем.

Судот и судиите мора да се издигнат над политиката и да не дозволат помилување на изборните измами, што истовремено ќе значи обезвреднување на трудот и работата на Специјалното јавно обвинителство.

Доколку помилувањето на изборниот криминал биде аминувано од Уставниот суд, тоа според нас, го отвора патот и за оценка на уставноста на Законот за т.н. Специјално јавно обвинителство пред Уставниот суд на РМ, иницијатива поднесена од страна на Тодор Петров, во октомври минатата година.

Ваквите сценарија на партијата на власт водат кон уривање на Специјалното јавно обвинителство, а со тоа и погазување на Договорот од Пржино и воопшто подривање на правниот систем и поредокот во државата.

Специјалното јавно обвинителство мора да си ја заврши работата, за што уште еднаш укажуваме на потребата од формирање на Специјален суд, со помош на меѓународната заедница, суд кој ќе ги почитува стандардите на транспарентност, независност и  владеење на правото“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Алармантна е состојбата во Градскиот парк

Катерина Ѓуровски

ЛДП: Граѓаните добиваат моќ:,Владата ја прифаќа нашата иницијатива за референдумско отповикување

Почина Филип Аврамчев

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп