ЛДП: Да се уништат марките со ликови кои биле соработници на фашизмот

Од:

Либерално демократската партија денеска јавно побара од Советот за филателија во кој седи и претставник од Собранието, Македонска пошта и Министерствот за транспорт и врски кое го одобрило издавањето на поштенските марки со ликовите на балисти, веднаш да реагираат и да ги повлечат од продажба, а потоа да им се извинат на македонските граѓани.

– Издадените марки се со ликoвите на Реџеп Митровица, премиер на првата квинслишка влада на Албанија од 1943 до 1944 година и претседател на Втората призренска лига и на Али Риза, озогласен соработник со фашистичкиот окупатор. Со издавањето на овие марки не само што се велича фашизмот кој е осуден од целоит свет, туку, претставува навреда и провокација за сите оние кои се бореа против фашизмот без разлика на националната и етничка припадност – велат од партијата.

mkd-74946

Од една страна, велат од ЛД, незаконски и селективно се лустрираат македонските дејци, заслужни за нашата култура и историја, а од друга страна со издавањето на овие марки им се оддавало почит на озлогласени личности осудени и заборавени и во својата земја.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови