ЛДП: Да престане хајката против амбасадорите-пријатели на Македонија

Од:

Либерално-демократската партија ја изразува својата длабока загриженост по последните соопштенија произлезени од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, со кои како што велат свесно се нанесува штета на односите помеѓу државата и западните земји-пријатели на Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ во еден ден успеа да се скара со САД, СР Германија и со ЕУ, откако без тронка срам и почит кон функцијата, безочно бараше „виновници“ за политичката криза во амбасадорите Бејли, Алтхаузер и Жбогар, пишува во соопштението на ЛДП.

– Порачуваме веднаш да престане политичкиот „лов на вештерки“ насочен кон западните земји и нивните претставници во Република Македонија и сакаме да потсетиме дека САД, Германија, заедно со членките на Европската Унија, се едни од најголемите поддржувачи на државата, од независноста до ден денес. стои во соопштението.

ЛДП ја изрази својата благодарност и безрезервна поддршка кон амбасадорите кои се најдоа на удар од доскорешната владеачка гарнитура.
Порачуваат дека новата влада, од која дел ќе биде и ЛДП, посветено и уште понапорно ќе работи за остварување на Евро-атлантските интеграции, стратешките цели и определби на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

(ВИДЕО) Вељаноски од ЛДП: Нашите либерални политики нудат прогрес, па ВМРО-ДПМНЕ ги преслика во нивната програма