ЛДП Битола: ДПМНЕ и Талески соучесници во криминал од 360.000 евра

Од:

ЛДП и опозицијата денес ќе дадат еден совет и ќе испратат неколку барања до аболицираното лице Владимир Талески и ВМРО-ДПМНЕ, рече советникот во Општина Битола од ЛДП, Александар Касапов.

„ЛДП и опозицијата бараат:

  1. Талески да си поднеси оставка со цел да се релексира состојбата во Битола, но и да не влијае од позиција на градоначалник на новите постапки кои СЈО ги најави против него и
  2. Вмро – Дпмне да му се извини на битолчани што го кандидираа и го подржуваат Талески 11 години и истовремено да застанат на страната на битолчани, се разбира доколку и тие како партија не се соучесници во аболицираниот криминал од 360 000 евра, и да го подддржат барањето на битолчани за оставка на Талески.

За крај сакаме да му дадаме и еден совет на аболицираното лице Талески. Да не биди нервозен како што беше на последните два негови пресови затоа што ако се однесува така и во иднина и плус ако во предвид се земи и неговата изјава дека размислува да побара и четврти мандат од битолчани, тогаш со него ќе треба да се занимава не само Специјалното Јавно Обвинителство, туку и некоја друга специјална институција, а таму аболиција не помага“, изјави советникот во Општина Битола од ЛДП, Александар Касапов.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник