ЛДП бара Груевски да ги повлече Законите за медиумски мрак!

Од:

ЛДП најостро се спротивставува на носење на двата закона кои се однесуваат на медиумската сфера.

За ЛДП овие закони се рестриктивни и отвораат врата за воведување цензура од најсталинистички тип.

„Бараме од владеачката гарнитура да имаат доблест и да ги повлечат двата закона, или во понеделник кога почнува пленарната дебата, да ги преименуваат во Закони за воведување комплетен медиумски мрак“, стои во соопштението на ЛДП.

Според ЛДП конечно паднаа маските на оваа власт, која со двата закона кои се однесуваат на медиумите, сака само да го озакони безаконието кое таа самата го креираше во оваа значајна и чувствителна сфера.

ЛДП укажува дека вакви закони не се на барање на Брисел, како што впрочем и јасно се огради преку соопштение делегацијата на Европската комисија во Македонија. Овие закони не се обид и начин да да се решат клучните прашања и проблеми во медиумската сфера.

„Овие закони се алатката на власта за ставање под контрола и на печатените и на интернет-медиумите и дисциплинирање на електронските медиуми со казни.Власта не сака ред и во делењето на рекламниот колач, туку и натаму сака в раце да го има моќното оружје да ги поткупува медиумите и да ги контролира редакциите. На овој начин институциите имаат неприкосновено право сами да одлучуваат на кој медиум ќе ги емитува своите реклами за сеење магла и фалење на власта.Власта не сака да го раскине бракот од интерес со медиумите и затоа не дозволува да се забрани медиумите да финансираат изборни кампањи и со тоа да учествуваат во политичката пропаганда“, стои во реакцијата на ЛДП.

ЛДП го повикува премиерот на Р. Македонија да не дозволи неговиот шеф на кабинет да ги уредува вестите, да дозволи медиумите слободно да работат и да го повлече Законите за медиумски мрак!

Би можело да ве интересира

ЗНМ и ССНМ реагираат: Попречувана новинарка на Телма при известување за инцидентот во Битола

ЛДП до премиерот: Доста е со манипулации и глумење фрапираност од судството – изменете го Кривичниот законик веднаш

А1он

ЛДП: За два дена над 10.000 потписи против институционалната слепост за насилството врз жените!

А1он

ЛДП бара електронски алки за следење на насилниците, Зајкова повика на потпишување петиција

Катерина Ѓуровски

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок