Лажна вест: Скопјанец бил приморан да потпише во болница дека има коронавирус

Од:

На социјалните мрежи масовно се шири лажна информација дека скопјанец кој имал напад на слепо црево бил одбиен да биде хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ и на Клинички центар без неговиот син да потпише документ дека татко му има коронавирус.

Лажна вест: Скопјанец бил приморан да потпише во болница дека има коронавирус

Лажна вест: Скопјанец бил приморан да потпише во болница дека има коронавирус

Posted by A1on.mk on Четврток, 04 јуни 2020

„А1он“ провери низ болниците и клиниките дали пациент со име Јордан Николовски кој има 62 години се јавил на преглед или е хоспитализиран како што се тврди во објавата.

Директорот на  ГОБ „8 септември“, Христијан Костов, за „А1он“ вели дека во изминатите седум дена нема примено на преглед таков пациент: „Воопшто не е внесен во системот на податоци на болницата“.

Пациент со такво име и презиме не е регистриран ниту во Ургентниот центар, од каде велат: „Не е регисрирано вакво лице во дневникот на прегледи, ниту во ‘Мој термин’“.

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, најпрво тврди дека таков документ не постои, а по проверката вели: „Ваков пациент не е примен кај нас на клиника“.

Од Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, поранешна градска болница, велат дека ниту кај нив немало пациент со ова име и презиме, ниту пак таков случај.

Информацијата која масовно се споделува е лажна вест.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Објава за киднапери на деца направи паника – МВР демантира, ниту едно дете не е одземено, веста е лажна

Анита Петровска Рајковиќ

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on