(ВИДЕО) Лазаревски: Јордан Мијалков ме унапреди, Сашо Мијалков ме деградираше

Од:

Свиркачот Ѓорги Лазаревски кој незаконски прислушуваните разговори ги извади од УБК и ги предаде на поранешниот директор на управата, Зоран Верушевски, на почетокот од сведочењето за случајот „Таргет-Тврдина“ запрашан од обвинителот Трајче Пеливанов накратко да ја каже својата биографија истакна дека првото унапредување по вработувањето во МВР во 1987 го имал од таткото на обвинетиот во случајот Сашо Мијалков, Јордан Мијалков додека бил на министер на МВР.

Наспроти ова, по бројните унапредувања кои понатаму следувале во кариерата на Лазаревски во 2006 година тој бил деградиран од страна на Сашо Мијалков кој по доаѓањето на чело на УБК го спуштил за почетничка позиција во управата.

Лазаревски истакна дека по 2006 година работел по наредба на Горан Грујевски, иако тој не му бил надлежен. Исто така кажа дека секојдневно трпел терор и навреди од страна на Грујевски кој му велел на Лазаревски дека претходно одработувал за непатриотска власт, но и му правел опструкции да се види со директорот за да му се пожали.

Во кривичниот суд во Скопје, утрово продолжува судењето за предметот со масовното прислушување на СЈО, „Таргет-Тврдина“. Судијката Џенета Бектовиќ ги одложуваше речиси половина година рочиштата поради одлуката за екстрадицијата на бегалецот Горан Грујевски.

На денешното рочиште сведочи првиот од 100-ината сведоци предложени од СЈО, укажувачот Ѓорѓи Лазаревски, кој заедно со Звонко Костовски ги изнесоа бомбите од Управата за безбедност и контраразузнавање и му ги предадоа на ексдиректорот на УБК, Зоран Верушевски. Лазаревски за време додека траело прислушувањето работел како инженер во УБК.

Во предметот „Таргет“, СЈО тврди дека Сашо Мијалков формирал злосторничко здружување со цел незаконско следење на комуникациите од големи размери за да добива информации за сите општествени сфери. Основачи на злосторничкото здружување се началникот на петтата управа, бегалецот Горан Грујевски, и шефицата на оперативното одделение, Надица Николиќ.

Мијалков, Грујевски и Николиќ им наложиле на седуммина свои потчинети да внесуваат телефонски броеви во системите за прислушување (Vernit, Nice Track и IPS) за да ги следат комуникациите во УБК. Четворица од службениците се обвинети за злосторничко здружување, а СЈО не поднело обвиненија против тројцата службеници кои помагале во прислушувањето, зашто тие се сведоци во постапката.

Еден од нив е Звонко Костовски, главниот инженер во Одделот за одржување и телекомуникации на петттата управа во УБК, а потоа раководител во одделот за информатичка и техничка поддршка. Костовски го надгледувал техничкиот процес на спроведување на незаконското следење на комуникациите. По барање на лидерите на групата, тој креирал посебни кориснички профили и ги групирал со име „важно“, овозможувајќи им на креаторите на групата пристап до системот за надзор и можност да ги слушаат пресретнатите комуникации лично на нивните компјутери. Костовски потоа материјалите му ги предал на Ѓорѓи Лазаревски, а тој му предал на Зоран Верушевски, за на крајот, Верушевски да му ги предаде на Зоран Заев.

Во предметот „Таргет – Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои чекаат политички азил во Грција, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он