Лазаревски: Грујевски ми се закануваше доколку не си заминам од МВР ќе бидам обвинет во случајот „Шпион“

Од:

Од МВР си заминав на 31 октомври 2013 година последна закана од Горан Грујевски кој ми кажа доколку не си заминам ќе бидам вклучен во процесот Шпион кој тврдеше дека ќе биде проширен, сведочи Ѓорги Лазаревски свиркачот кој ги извади и предаде незаконски прислушуваните разговори од МВР.

– Со оглед дека во ова бев инволвиран веќе 3 години не сакав да ризикувам, се советував и со Верушевски. Знаев дека заканата е блеф, но сепак со тешко срце го напуштив МВР. Звонко Костовски веднаш по моето напуштање беше службено испратен да се види со мене околу моето работење и во тој момент ми остави уште едно ЦД, вели Лазаревски.

Последната достава на прислушуваните разговори била направена во кафуле под зградата кај што живее Лазаревски на усб стик една недела по неговото заминување од МВР.

– Една недела после тоа имаше уште една достава на усб стик и тука мислам дека престана се бидејќи Звонко не сакаше да ризикува да биде виден со Верушевски, вели Лазаревски.

Одговарајќи на прашање на обвинителството, Лазаревски кажа дека покрај многуте броеви кои биле прислушувани, таргет на УБК бил и Зоран Верушевски заедно со целото негово семејство.

– Прислушувањето на Верушевски траело долго, но не ги извадивме семејните разговори за да не го трошиме и онака ограничениот капацитет, рече Лазаревски.

Со сведочење на истиот сведок, одговарајќи на директни прашање на СЈО, рочиштето ќе продолжи на 21 ноември.

Судењето беше прекинато доцна поладнево на барање на обвинетата Гордана Јанкулоска, а во согласност на обвинителите и на судечкиот совет.

Во „Таргет-Тврдина“ освен екс директрот на УБК, Сашо Мијалков, обвинети се и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски