Лазаревски: Ѕвонко Костовски ги вадеше разговорите, но не знам дали внесувал броеви за прислушување

Од:

Целта на мене и на Ѕвонко Костовски откако дознавме дека се врши нелегално прислушување ни беше да го пробиеме новиот систем за прислушување Најс и да најдеме техничко решение за вадење податоци од системот. Не знам дали Ѕвонко ставал таргети за прислушување и дали воопшто ја имал таа можност, одговори сведокот Ѓорги Лазаревски, кој ги предаде нелегално прислушуваните разговори, на прашањето на адвокатот на Мијалков дали Костовски можел да додава броеви за таргетирање.

Лазаревски истакна дека пасвордот за влез во топ администраторот на системот Најс имале Небојша Стајковиќ Сашо Трајковски и Ѕвонко Костовски.

Претходно Лазаревски истакна дека ова не било поврзано со податоците кои тој претходно ги имал од стариот систем за прислушување Верит на кој пристап имал и Сашо Мијалков. Дека Мијалков имал пристап до системот, Лазаревски заклучил по корисничкото име кое го нашол во логовите на системот кое гласело “директор”.

– Иницијали за корисничкото име “директор” немаше како кај другите, но во тоа време имаше само еден директор, се знае кој, рече Лазаревски мислејќи на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков.

„Свиркачот“ Ѓорѓи Лазаревски кој незаконски прислушуваните разговори ги извадил од МВР и ги предал на Зоран Верушевски, на денешното рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ одговара на прашањата од одбраната на обвинетите.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ на специјалното јавно обвинителство обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви, за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Јанкуловска ќе тужи, ќе бара отштета и да се утврдат вистинските виновници за прислушувањето

Катерина Ѓуровски

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета