Лазаревиќ ја повикува израелската Влада да се изјасни за вчерашните бомби

Од:

Поранешниот заменик министер за здравство, Владимир Лазаревиќ, испрати писмо до дипломатските претставништва на Израел и Македонија, со кое бара Владата на Израел да се изјасни по однос на вчерашните коруптивни скандали кои ги обелодени опозиционата СДСМ, а во кои наводно се вмешани директорот на УБК, Сашо Мијалков, членови на израелската Влада и израелска компанија.

„Бидејќи имам длабоки и долготрајни односи со Израел, се надевам ќе биде разбрана приказната зад оваа информација. Бидејќи во последните прислушувани разговори кои ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, и кои, според него, откриваат корупција во највисоките редови на Владата, а со оглед на тоа што постојат индиции дека е вмешана и компанија од Израел, би сакал да го побарам од Вас официјалниот став на Владата на Израел по однос на ова прашање“, стои ви писмото на Лазаревиќ.

Лазаревиќ се школувал во Израел и вели дека има пријатели на високи позиции. Тој вели дека со ова писмо ја презема улогата на надлежните институции во Македонија кои очигледно немаат намера да исконтактираат со Израел. Според него тамошните власти нема да ги игнорират тврдењата и очекува наскоро да биде покрената истрага.

Писмото на Лазаревиќ до амбасадорите е веќе објавено во дел од бугарските портали.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Уапсен e маж под сомнение дека тој ја фрли бомбата во куќата на Здравко Чолиќ

Горан Наумовски