А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Лавров: Уставните измени беа наметнати со уценување и поткуп на пратеници

by А1он07/12/2018 - 10:1007/12/2018 - 13:19336
Share0

Со уцени и поткуп на пратеници, со директна вмешаност на странски дипломати, беа наметнати уставните измени, вели министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во интервју за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“.

Добивај вести на вибер

Говорејќи за ситуацијата на Балканот, шефот на руската дипломатија ја споменува и Македонија и Договорот од Преспа.

Лавров вели дека е „очигледна големата и континуирана интервенција на НАТО и ЕУ во внатрешните работи на Македонија.

-Референдумот, како што е познато, не успеа. Во оваа ситуација собранието, на 19-ти октомври, со уценување и поткуп на пратеници беа наметнати уставни измени, со директна вмешаност на странски дипломати, вклучувајќи го и амбасадорот на САД што е таму. Сега се прават интензивни напори за процесот да добие конечен облик на почетокот на 2019 година. Вреди да се спомене фактот дека ваквото брзање ѝ служи на единствената цел на Вашингтон за итно вклучување на Скопје во НАТО, вели Лавров и додава дека за европската интеграција, „консултациите со Брисел, како што говори искуството, може да траат и неколку децении“.

Во однос на регионот, министерот за надворешни работи на Русија вели дека ситуацијата на Балканот предизвикува загриженост, бидејќи НАТО и ЕУ им поставуваат дилема на земјите.

– Упорно ги ставаат земјите пред една погрешна дилема: да бидат или со Москва, или со Вашингтон и Брисел. Таквите постапки водат кон дополнителна дестабилизација на безбедносната архитектура на Европа, ја зголемуваат тензијата, исцртуваат нови линии на поделба, коментира Лавров во интервјуто за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“.

imetolavrovrusijaustavni izmeni

Би можело да ве интересира

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Горан Наумовски13/03/2026 - 16:34

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

Горан Наумовски12/03/2026 - 22:02

„Едниствен победник од војната во Иран е Русија“

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 12:21

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Горан Наумовски08/03/2026 - 18:40

Песков: Меѓународното право повеќе не постои, заменето е со беззаконие

Горан Наумовски08/03/2026 - 13:5308/03/2026 - 13:53

Лавров: Време е да се спроведе идејата на Путин за самит на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН

Горан Наумовски08/03/2026 - 12:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен