Лавров пристигна во Скопје

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ноќеска пристигна во Северна Македонија за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ.

На официјалниот твитер профил на руското МНР објавени се фотографии од пристигнувањето на Лавров на меѓународниот аеродром во Скопје на кои може да се види дека тој бил пречекан од рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.

Лавров пристигна по завршувањето на неформалната вечера на министрите учесници на состанокот на ОБСЕ.

Учеството на шефот на руската дипломатија беше неизвесно поради меѓународните санкции против Русија по инвазијата врз Украина, но откако Бугарија го отвори небото и дозволи прелет на рускиот владин авион, а ЕУ кажа дека тоа не е кршење на санкциите, од Москва беше потврдено дека Лавров доаѓа во Скопје.

Поради доаѓањето на Лавров, учеството на состанокот на ОБСЕ во Скопје го откажаа министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба, шефовите на дипломатиите на балтичките земји – Естонија, Летонија и Литванија, Маргус Цахна, Кришјанис Каринш и Габриелиус Ландсбергис, и министерот за надворешни работи на Полска Шимон Шинковски.

Би можело да ве интересира

Лавров: Западот никогаш нема да може да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Лавров: Зголемените трошоци за одбрана на НАТО нема значително да влијаат на нашата безбедност

Лавров: Часовникот на судниот ден се приближува кон полноќ, Русија се обидува да спречи катастрофа

Лавров: Зеленски направи тешка грешка

Лавров: Директното вклучување на Германија во војната во Украина е веќе очигледно

Лавров: Еден од условите на Русија за мир е враќањето на Украина во неутрален статус