Ласоска: Разрешени директори на меѓуопштински центри за социјална работа

Од:

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека министерката за труд и социјална работа разрешила 18 директори на меѓуопштински центри за социјална работа со што е отежнато функционирањето на овие институции.

Бралица Ласоска на прес-конференција рече дека се работи за нелегална постапка на разрешување и оти директорите се разрешени во период кога користат годишни одмори.

– СДС без правна основа, без соодветен аргумент, водени само од слепата омраза и желба за власт ги разрешија директорите на центрите за социјална работа во Скопје, Валандово, Берово, Кочани, Кратово, Свети Николе, Радовиш, Ресен, Струмица, Гостивар, Прилеп, Битола, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Куманово, Кавадарци, Штип, како и 5 директори на установи за социјална заштита: Заводот за рехабилитација Бања Банско, Заводот за социјални дејности, Домот за деца 11-ти Октомври, Домот за доенчиња- Битола и јавната установа за баратели на азил, истакна Ласоска.

Таа додаде дека со ваквите разрешувања се на штета на професионалноста и функционалноста на институциите.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус