Лашкоска: Амандманот за бикот е непостоечки, Костадинов нема аргументи па се фатил за опашката

Од:

Амандманот кој го објави портпаролот и пратеник на СДСМ, Коста Костадинов со кој пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ побарала 100 илјади денари за нова опашка за споменикот – бик, кој е поставен на улица Македонија е непосточеки. Лашкоска во изјава за „А1он“ вели дека амандманот е повлечен веднаш откако е поднесен.

„Амандманот е повлечен уште веднаш. Всушност нема таков амандман. Ама најверојатно во недостаток на аргументи при амандманска расправа, портпаролот на СДСМ, еве читам, се фатил за опашката на бикот“, вели Лашкоска во изјава за „А1он“.

Во документот објавен од Костадинов, стои дека се бараат пари за обнова на скултурата која е дело на Дарко Дуковски, односно еден од првите споменици кои беа поставени во централното градско подрачје како дел од проектот „Скопје 2014“.

„Со амандманот се предлага да се обезбедат средства во висина од 100.000 денари за обнова на споменик опашката на бикот кој се наоѓа во централното градско подрачје во Скопје“, пишува во амандманот за кој Лашкоска вели дека е повлечен.

Авторот на скултурата Дарко Дуковски, велеше дека симболиката на бикот е манифестација на сила, односно македонски симбол за плодноста. Тој за ова дело и скулптурата „Градска плажа“ зеде 50.000 евра.

Опашката од споменикот е скршена кон крајот на 2018 година. Тогаш од Музејот на современа уметност кажаа дека ќе биде поправена, а МВР трагаше по сторителот.

Би можело да ве интересира

Бик уби човек кај Пожега

Москва најави жесток одговор: Ќе возвратиме

Неколку пратеници од Собранието добиле заканувачка порака

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

A1on

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

A1on

(ВИДЕО) Демократи ги промовираше кандидатите за пратеници: Да ги тргнеме од власт 33-годишните робовладетели

A1on