Лани намален бројот на сторители на кривични дела

Од:

Бројот на пријавените, обвинетите и осудените полнолетни и малолетни сторители на кривични дела е намален во 2015 година, споредено со претходната година, информира денеска Државниот завод за статистика.

Во 2015 година во однос на 2014, бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители на кривични дела е намален за 4.4 отсто.

Бројот на осудени полнолетни лица е намален за 11.7 отсто, а на обвинетите лица за 12.8 отсто.

Бројот на пријавени деца во судир со закон – сторители на кривични дела во 2015 година во споредба со претходната година е намален за 20.6 отсто.

Минатата година во споредба со 2014, бројот на осудените деца во судир со закон – сторители на кривични дела е намален за 24.5 отсто.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари