Лани дипломирале 8.8 отсто помалку од 2012 година

Од:

На додипломски студии на високите стручни школи и факултетите во Македонија во 2013 година дипломирале 9.480, што е помалку за 8.8 отсто од 2012 година, соопшти  Државниот завод за статистика.

На државните високообразовни установи дипломирале 7.307, на приватните 2.144 и на верските факултети 29.

Како што објави ДЗС, од вкупниот број дипломирани, 82.3 проценти се редовни, 17.7 проценти се вонредни студенти.  Процентот на дипломирани жени е 56.3.

Во рок дипломирале 40 отсто, а 60 проценти дипломирале по предвидениот рок.

Би можело да ве интересира

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6

Турците, Германците, Србите и Французите најбројни странски туристи во земјава

Производителите ги покачија цените на индустриските производи

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“