Лајчак: Да започнат, без задоцнување преговорите на ЕУ со С. Македонија и Албанија

Од:

Потребата Северна Македонија и Албанија веднаш да започнат пристапни преговори со Европската унија, ја истакна специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, за време на неговото учество на шестиот „Thessalonik summit“ во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

-За мене прашањето не е дали, туку кога, а како прв чекор, би препорачал да започнат, без задоцнување, пристапните преговорите со Албанија и Северна Македонија и да се испорача безвизен режим за граѓаните на Косово, рече Лајчак и додаде дека ова е важно за регионот да ја гледа ЕУ како „сериозен, кредибилен и веродостоен партнер“.

Говорејќи за последните случувања во Северна Македонија, Лајчак објасни дека оставката на премиерот Зоран Заев е затоа што Европската унија не успеа да го исполни нејзиниот дел ветувањето, а ЕУ, според него „загуби еден од најдобрите партнери во регионот“, што е и знак дека Унијата треба да дејствува.

-Премиерот Зоран Заев ги загуби изборите, бидејќи не можеше да го исполни неговото ветување до граѓаните за почеток на пристапни преговори со Европската унија, а неговото ветување не го исполни, не затоа што тој не го заврши неговиот дел, туку будејќи ние, Европската унија, за жал не можевме да го исполниме нашиот дел. А како последица на тоа, загубивме партнер кој беше многу лојален на европската идеја и многу конструктивен и посветен, еден од најдобрите партнери во регион. За мене ова е јасен сигнал дека регионот не може да чека на нас и е време ние, Европската унија да дејствуваме, бидејќи во спротивно ќе губиме уште повеќе проевропски партнери, истакна Лајчак.

Се наврати на солунската агенда од 2003 година велејќи дека сега, 18 години подоцна само Хрватска стана полноправна членка на ЕУ, а од останатите шест само две преговараат, а другите четири уште чекаат да почнат.

-Мислам дека ова не реалноста што нашите претходници ја предвидуваа во 2003, истакна Лајчак.

Според него, целосната интеграција на Западен Балкан, „што значи полноправно членство на Западен Балкан е единствениот логичен пат напред“, објасни дека и во интерес на ЕУ е регионот да ги дели европските вредности.

-Подобро е да ги извезуваме нашите вредности, отколку да увеземе нестабилност од регионот, порача специјалниот ЕУ претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, а ставот дека местото на Западен Балкан е во Унијата го поткрепи и со фактот дека постојат предизвици што не познаваат граници, како што се климатските промени, енергетската криза,миграцијата, КОВИД-19.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска