КЗД ќе истражува дали Ромите навистина биле протерани од Аква паркот

Од:

Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) соопшти дека ќе истражува дали навистина вчера на група лица од ромска националност не им било дозволено да влезат во новиот Аква парк во Скопје, поради нивната етничка припадност.

-Комисијата ги осудува сите форми на дискриминација кон поединци или групи на луѓе со кои тие се ставаат во нееднаква положба од останатите и нееднакво се третираат. Апелираме до сите приватни и јавни фирми да внимаваат на однесувањето кон поединците и групи на луѓе, да постават правила еднакви за сите согласно Уставот и законите на Република Македонија и да постапуваат согласно тие правила-стои во соопштението.

Во соопштението се додава дека Комисијата веднаш ќе преземе мерки за расветлување на случајот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on

КЗД ги следи можните нарушувања на правата на притворени лица во затворите

Ана Ололовска

КЗД: Висок степен на дискриминација на жените во работните односи

Ана Ололовска

МОДОМ против дискриминација на ромски граѓани и непуштањето во Аква паркот

Емир Латифовиќ

Забранет влез за Роми во новиот Аква парк

Емир Латифовиќ

ФОТО: Како помина првиот ден во аква паркот

Емир Латифовиќ