ФОТО: Поставен камен-темелникот на Градскиот аква парк во СРЦ „Биорис Трајковски“

Од:

Премиерот Никола Груевски и директорот на СРЦ „Борис Трајковски“ Ратко Капушевски денеска го означија почетокот на градбата на Градскиот аква парк, објект кој ќе биде во состав на Спорсткиот центар. Пректот вреден 4,2 милиони евра, кој е дел од Програмата на Владата на Република Македонија, треба да биде завршен до почетокот на летово.

На површина од 12.000 метри квадратни треба да се изградат 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда со ресторан, кафе бар, санитарни јазли, соблекувални и прва помош. Под објектот ќе има стандардизирани машински сали и современ систем за филтрација на водата.

Аква паркот е проект на фирмата Темон, а изведувачи на градежните работи ќе бидат Полин од Турција, компанија која има реализирано преку 2.000 аква паркови ширум светот, како и Жикол од Струмица и Електроунион од Скопје.

– Ние создаваме и градиме и ќе продолжиме да градиме. Делата се она по што се мериме, тие остануваат, се вреднуваат и се гледаат. Од нашите дела корист имаат сите граѓани на Република Македонија. На ова место, непосредно до Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за неколку месеци ќе биде изграден уште еден уникатен објект за забава и релаксација со културни, трговски, едукативни и спортски содржини. Аква паркот ќе претставува вистинска атракција за жителите на Карпош и на Скопје, но и пошироко за сите домашни и странски туристи, рече премиерот Груевски во своето обраќање.

Владата, додаде, продолжува со реализација на сите капитални проекти кои се од големо значење за граѓаните. Продолжуваме да инвестираме во спортските капацитети во кои се вбројуваат и изградбата на 185 спортски сали, 50 фудбалски игралишта, 100 тениски терени, 100 повеќенамеснки игралишта, во здравството, образованието, инфраструктурата, земјоделството…

– За жал има и такви кои ги оспоруваат овие објекти, но тоа нема да не поколеба, бидејќи тоа се објекти и проекти кои илјадници граѓани ги користат. Нашиот патоказ и мотив се граѓаните и нивните потреби, потенцира Груевски.

Директорот Капушевски истакна дека се очекува инвестицијата од 4,2 милиони евра потребна за изградба на Аква паркот, објект, кој како што кажа, дваесетина години му недостасуваше на Скопје да се врати назад за шест до 10 години.

– Иако е светска економска криза и време кога се крати на трошоци успеавме да обезбедиме средства за изградбата на оваа капитална инвестиција која не е луксуз, туку има повеќе позитивни аспекти меѓу кои и фактот дека во неговата изградба ќе бидат вклучени преку 200 работници и бројни компании кои ќе имаат пласман на своите производи. Најважно од се е рекреативната форма на ова јавно добро кое е достапно во летната сезона кога децата се на распуст и кое ќе претставува социолошка бариера во ова време на пороци во форма на рекреација и забава, рече Капушевски.

Додаде дека Аква паркот ќе биде летна атракција во Скопје достапна за сите граѓани и оти ќе биде директен импут за развој на туризмот и локалниот економски развој на општина Карпош, а ќе овозможи и сезонско вработување за 35 лица со лиценци за спасување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак