Кузмановска: Заев го зголемува бројот на функционери за да ја исплаќа лакомоста на партиските послушници

Од:

Заев го зголемува бројот на функционери за да ја исплаќа лакомоста на партиските послушници, рече на прес-конференција во Собранието, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска.

Таа го соопшти ставот на опозициската партија според кој предлог законот за јавни претпријатија ќе значи дополнителна партизација.

„СДСМ сака да вдоми партиски кадри, да ги направи функционери со воведувањето на заменици директори. Првично предлогот бил само за претпријатија формрани од Владата, но вчера го дополниле и за претпријатија формирани од општините и Град Скопје“, изјави Кузмановска.

Тоа како што рече пратеничката, ќе значи и дополнителен товар за буџетот.

Со новите законски измени предложени од пратеници од владејачкото мнозинство, секое јавно претпријатие треба да добие свој заменик-директор кој ќе го менува директорот во случај на отсуство.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус