Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Од:

За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ, заедно со градоначалничката којашто тие ја промовираа како најголема менаџерка. Скопјани се жртви на нивната неспособност и меѓусебни пресметки, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Истот тој Мицкоски, кој ветуваше модерно Скопје и бесплатен јавен превоз со најголемата менаџерка го слушаме со нови најави за автобуси. Ова е такво поигрување со граѓаните, такво потценување на интелигенцијата на скопјани, што е невидено безобразно.Видовме ветувањата на Мицкоски за автобуси и за бесплатен превоз како завршија, секој ден гледаат и граѓаните и студентите и учениците кои не можат автобус да начекаат. Скопје е во тотален хаос и нефункционалност, воопшто нема автобуси. Колабиран е јавниот превоз, многу е лоша состојбата во ЈСП. Наместо нови лаги со честичката „ќе“ Мицкоски да ја преземе одговорноста, да им се извини на граѓаните и конечно да почне нешто да работи за Скопје и за скопјани, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?