Кузеска: Политичката одговорност е мисловна именка за ВМРО-ДПМНЕ и за Мицкоски

Од:

Политичката одговорност која ја ветуваше Мицкоски пред изборите испари откако тој и неговите сопартијци седнаа во фотелјите. Му завршија работа лагите и ветувањата во предизборието, а сега во Владата пее нова песна.Сите се виновни освен тие, сите други се одговорни за состојбите освен финкционерите на власта, сите претходни биле полоши од нив. Ова сценарио на обвинување на претходниците и оправдувања има краток животен век и граѓаните веќе не ги толерираат оправдувањата., вели портпаролата на СДСМ Боганка Кузеска.

– За само два месеци се случија серија скандали на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а одоговорност нема за никого. ВМРО-ДПМНЕ на големо ја врати неказнивоста која беше главна карактеристика на Владата на Груевски. Прашање на време е кога ќе ни се случи некој нов Диме Спасов кога со апсурни објаснувања ќе се штитат политичарите од власта. Се случи организирана партиско – политичка акција за пуштање на Рамадани, со дрска злоупотреба на државната граница, државни институции и државни возила.Се случи скандал со минување на границата со Косово на сватовите на Гаши со приватни возила и без никаква контрола. Нема одговорност за началникот на граничниот премин, ниту за Тошковски кој го поставил. Нема одговорност ни за Претседателот на Собранието Африм Гаши, Мицкоски вели работел подобро од претходниот. Со смешни аргументи се обидува да го заштити по секоја цена а ветуваше дека секој политичар кој ќе ја злоупотреби функцијата ќе одговара. Загрозена е безбедноста на северната граница. Границата е решето, а Мицкоски го шити шерифот поставен од Тошковски, Наум Рамука, заради партиски дил со ВЛЕН. Ќе има ли одговорност за Рамука или Мицкоски и Тошковски ќе дозоволат да прави што сака на границата со Косово? .На скопскиот аеродром се случи огромен инцидент во кој меѓу другото обезбедувњето на Гаши нападна полицаец, се закануваше со пиштол. Повторно, Мицкоски го штити Гаши, нема одговорност, вели Кузеска.

Рече и дека безбедноста во државата е влошена, вели се случиле осум убиства и обиди за убиства за само шест месеци, а само едно расчистено целосно.

– Изгоре 7% од вкупната територија во Македонија, над 1.500 километри квадартни поради неспособноста на Тошковски и владините институции. Одговорност нема од никого.Десет затвореници избегаа од затворот Шутка. Неспособните Пандов и Тошковски не се разрешени. Никој не понесе одговорност. Пуштени се затвореници осудени за 27 април кои наместо на лекување слободно се шетаат на партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ и во друштво на тој што ги пушти, Пандов. Нема одговорност за никого. Нема одговорност за Јанушев кој си лапнал поклон од 325.000 евра. До каде е ДКСК со случајот? Нема одговорност за Сања Божиноска која е фатена во два скандали и која се скри од јавноста мислејќи дека ќе се заборават скандалите поврзани со нејзината работа во приватниот сектот. Одговорност ниту промена на министерката нема. Нема одговорност за Гаши, за началниците на границата, за министрите, за партиски кадри кои се фатени во криминал, потенцираше Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?