Кузеска: Не е само Скопје, хаос, неработа и самоволие има во скоро секоја општина предводна од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Град Скопје каде блокадите се секојдневие, а функционирањето на јавните претпријатија е на раб на колапс. Но не е само Скопје, хаос и нефункционалност се случува речиси во секоја општина каде ВМРО-ДПМНЕ ја има локалната власт рече на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Во општина Штип речиси и да нема услуга или давачка која не е зголемена. Откако ги зголемија цените за такси превозот и ѓубретарина, градоначалникот Иван Јорданов и мнозинството во Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го зголемија и данокот на промет на недвижности од три на четири отсто. Во истата општина постојат основани сомневања дека блиска личност на градоначалникот Јорданов гради дивоградба, а дворот на градинската во близна на објектот го користи за складирање на градежен материјал. Во Ѓорче Петров, во ек на најголема економска криза, градоначалникот ќе потроши 100.000 евра за опремување на нова општинска зграда. Во Битола возила од јавни претпријатија се злоупотребуваат за одење по свадби, но и за приватни патувања во и надвор од државата. Во Прилеп е зголемена цената на јавниот превоз, на паркингот и на комуналните услуги, како и цените за фирмарина и поставување урбана опрема. Зголемени цени на комуналните услуги има и во Радовиш и Виница, но и во неколку други помали општини рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он