Кузеска: Насилството го покажа вистинското лице на анти европската коалицијата ВМРО ДПМНЕ – Левица

Од:

Протестот е уставно и демократско право.Но, насилството и сликите коишто вчера ги видовме, повредени полицајци, насилници со качулки на виделина ја покажа вистинската цел на деструкцивната анти-европска коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица рече на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– СДСМ најостро го осудва насилството и обидот преку деструкции и насилие да се создаде тензија во земјата, нови поделби и раздор и да се закочи целата држава. Тоа е вистинскот лице и вистинската цел на анти европската коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица. Во период кога траат широки и инклузивни консултации ВМРО-ДПМНЕ и Левица, наместо дијалог и конструктивност, одбраа да организираат насилни протести, да шират лажни вести измислуваат црни сценарија со кои ја плашат јавноста. Тоа е уште еден доказ дека Мицкоски и Апасиев, ВМРО-ДПМНЕ и Левица не и мислат добро на државата, не им мислат добро на граѓаните. СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи насилничкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ да ја загрози иднината на државата. Пред нас е предлог кој е согласност со нашите црвени линии, предлог кој содржи чиста формулација на македонскиот јазик, кој гарантира дека историските прашања со Бугарија нема да бидат дел од преговарачката рамка вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политички партии

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он