Кузеска: Мицкоски и ДПМНЕ да одговорат зошто не лобирале за Резолуцијата во Бундестагот

Од:

Усвојувањето на Резолуцијата на германскиот Бундестаг е силна поддршка за членството во ЕУ и признание за македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност. Македонската јавност очекува одговори од Мицкоски зошто не направил ништо, зошто не лобирал за оваа значајна Резолуција кај сестринските партии во Бундестагот рече на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Резолуцијата беше поддржана од сестринските партии на СДСМ, германските социјалдемократи, како и од сестринските партии од нашите коалициски партии, Либералите и Зелените. Единствено против беа сестринските партии на ДПМНЕ. Мицкоски и ДПМНЕ воопшто не ги убедувале сестринските партии да ја поддржат Резолуцијата за македонскиот јазик, идентитет и култура во германскиот Бундестаг. Мицкоски досега нема направено ништо за македонскиот јазик и идентитет а сега не мрднал со прст за волку важна одлука. Тоа е вистинското лице на ДПМНЕ и Мицкоски кои не не застанале зад државниот интерес и македонскиот идентитет, вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО