Кузеска: Имаме поголемо парламентарно мнозинство

Од:

Централниот одбор на СДСМ го овласти партискиот лидер и премиер Димитар Ковачевски да ги заокружи разговорите за поголемо мнозинство и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата.

Како што соопшти портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска по денешната седница на ЦО, СДСМ го задржува бројот на министри како досега, а наскоро може да се очекува Ковачевски да излезе со решенијата кои ќе значат и реконструкција на Владата.

Кузеска предупреди дека „опасноста е земјата да биде зафатена од радикални елементи како Левица кои сакаат да го сменат нашиот пат кон ЕУ и да не испратат во изолација и сиромаштија“. Поради тоа, напомена, мора да се здружат силите и да не се дозволи повторно 11-годишна блокада.

-Денеска можеме да објавиме дека се прави добар исчекор, имаме поголемо парламентарно мнозинство за реформи, економски политики и интеграција во ЕУ. ЦО на СДСМ го овласти претседателот на партијата Ковачевски да ги заокружи разговорите за поголемо мнозинство и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата. Со принципите на платформата за соработка со Алијанса за Албанците кои денеска ги одобри Централниот одбор, се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност и зголемена ефикасност на Собранието и институциите, истакна Кузеска.

Според неа, кадровското освежување ќе внесе нова енергија во реализација на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ во интерес на сите граѓани и иднината на земјата, а се отвора можност и за соработка на локално ниво во општините и советите.

-СДСМ го задржува бројот на министри како досега, имаме зголемено мнозинство во Собранието, поголема поддршка на реформскиот и европскиот курс и политичка стабилност, потенцира Кузеска.

На новинарско прашање околу кадровските решенија и кога може да се очекува средба Ковачевски – Таравари, портпаролката најави дека наскоро лидерот на СДСМ и премиер ќе излезе со решенијата кои ќе значат и реконструкција на Владата.

-Не би зборувала во моментов за кадровските решенија со оглед дека денеска одлуката на ЦО е овластување на Ковачевски да ги продолжи и заокружи преговорите. Значи, за кадровските решенија би зборувале откако тој процес ќе биде заокружен. Може да се очекува наскоро премиерот да излезе со решенијата кои ќе значат и реконструкција на Владата, рече Кузеска.

Осврнуајќи се на „радикалните елемнти“, таа оцени дека Левица го зема ВМРО-ДПМНЕ како заложник.

-Опасноста е земјата да биде зафатена од радикални елементи како Левица кои сакаат да го сменат нашиот пат кон ЕУ и да не испратат во изолација и сиромаштија. За жал, Левица го зема ВМРО-ДПМНЕ како заложник исто како во деновите на Груевски кога беа блокирани евроинтеграциите. Денеска повторно закана за нашата иднина доаѓа од Апасиев и Мицкоски. Мора да ги здружиме силите и да не им дозволиме да не блокираат повторно 11 години, подвлече Кузеска.

Изборите, како што дополни Кузеска, ќе се одржат според планираното, во 2024 година што е добро, рече, за стабилноста, инвеститорите и економијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски