Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Од:

Една иста фирма, во општините кои ги водат градоначалниците на ДПМНЕ, но и во институциите добиваат милионски суми од тендерите и најчесто се јавуваат како единствени понудувачи. Станува збор за уште една фирма омилена на власта: Мастеф ДООЕЛ Скопје. Преку неколку општини и институции оваа фирма во последните три години има добиено тендери вредни над четири милиони евра, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на прес конференција на која покажа и документи за кои вели ги поткрепуваат овие тврдења.

– За оваа иста фирма, од унгарскиот кредит, има одлука за избор за проценета вредност од 25.256.509 денари или околу 400.000 евра. Во општина Кисела Вода каде градоначалник е Орце Ѓорѓиевски од ДПМНЕ, за период од 2022 година до 2024 година, оваа фирма има добиено тендери во вредност од 1,7 милиони евра. Од општина Аеродром, и во време кога градоначалник бил Тимчо Муцунски оваа иста фирма има земено тендери, односно склучени договори тешки речиси 1 милион евра.Во општина Неготино, каде градоначалник е Стојанов од ДПМНЕ од 400.000 илјади евра. Од вкупно 13 тендери во овие општини на дури 11 фирмата се јавува како единствен понудувач.Најголем дел од договорите се со иста вредност како проценетата вредност. Ова е првиот сомнеж, дали можеби сумата била однапред договорена? Оваа иста фирма добила тендери и во Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, со Договор од 65,5 милиони денари или околу 1 милион евра. Како е можно една иста фирма да биде победник на толку многу тендери во општини и институции и да добие 4,5 милиони евра, праша Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нови тројца кандидати за градоначалници од СДСМ, досега објавени вкупно 60 кандидатури

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

СДСМ: Три денари плус по килограм грозје преку законско решение

(ВИДЕО) Шукова: Капитални проекти од витално значење за Скопје се заглавени поради политички игри

А1он

Филипче од Струмица: ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата во мрак, да се исправиме и да ја изградиме силата што ќе ја запре неправдата

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Врв на неспособност, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, власта им вели „немаме магично стапче“