Кузеска: ДПМНЕ не собрале потписи за Силјановска, немаат поддршка од граѓаните

Од:

ДПМНЕ нема собрано валидни, законски потписи за нивната кандидатка за претседател Гордана Силјановска Давкова. Кандидатурата во ДИК за Силјановска ДПМНЕ ги поднела со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Очигледно, ДПМНЕ како што ги лажира анкетите, сакала да ги лажира и потписите, па кога разбрале дека ќе се проверува легалноста на секој даден потпис не ги поднеле. Ова е можеби за прв пат ДПМНЕ да нема собрано потписи зад својот кандидат, но тоа и не е толку важно. Клучното е дека ниту ДПМНЕ ниту Гордана Силјановска ја немаат поддршката од граѓаните. Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари. На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов. На граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Скопје. Ниту ДПМНЕ ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро. Затоа граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Милановиќ: Македонија во ЕУ не е „маратон“, туку „гладијаторска борба“ со нерамноправни услови

А1он

Сиљановска Давкова – Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО