Кузеска: ДПМНЕ го пушти Груби да избега и целосната одговорност е кај нив

Од:

Со потсмев ги следиме обидите на ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Груби врз СДСМ. Тоа е само невешт спин да се отргне вниманието од клучниот проблем и прашање, а тоа е – зошто Тошковски дозволи Груби да избега, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– ВМРО-ДПМНЕ треба да каже кој е политичкиот договор и цена за пуштањето на Груби? Зошто ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски молчат за тоа дека „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата инаку кадар на Тошковски. Границата со Косово се потврди дека откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт е главен канал за бегање на криминалците. Можеби е време да ја отворат целосно за да не се трошат пари за одржување, па така и граѓаните ќе видат некаков ќар, вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Продолжен e домашниот притвор за Артан Груби

А1он

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО