„Курир“ денеска го пренесе сведочењето на жена, која за порталот, изјави дека била физички нападната и психички малтретирана од подржувачите на СДСМ, кои денеска протестираа пред УЈП.
Таа вели дека и се заканиле и дека ќе и го убијат и внукот.
Како што раскажува за Курир жената, таа со својот внук кој има пречки во развојот, тргнала на пат кон Градска болница да ја посети сестра и која била оперирана таму. Една жена, вели ја удрила.
Граѓаните пак, очевидци на настанот велат, дека жената викала, псуела и провоцирала намерно.
Но на социјалните мрежи се појави слика од истата жена со министерот за здравство Никола Тодоров, од собир на ВМРО-ДПМНЕ.