Кумановските занаетчии нема да плаќаат фирмарина

Од:

Занаетчиите од Куманово нема да плаќаат комунална такса за фирма односно назив за деловна просторија.

Советниците на 79 седница на Советот на општината ја донесоа предлог одлуката за ослободување од комунална такса, а претходно ги утврдија дефицитарните занимања и занаети во изумирање на подрачјето на општината. Според раководителот на секторот за локален економски развој, Зоран Павловски, одлуката во која е прецизирано кои занаети се ослободуваат од одредени плаќања претставува стимулативна мерка за заживување на занаетите во општината.

– Се работи за стари занаети во изумирање, а тоа се ковачите, грнчарите, лимарите, казанџиите, копчарите, свеќарите, крзнарите, шапкарите, изработувачите на сувенири односно ракотворби, јорганџии, опинчари, саатчии…, објаснува Павловски. Оваа одлука е предвидена во Закон за комунални такси. Досега занаетчиите за оваа комунална такса одвојуваа по две илјади денари.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане