Кумановскиот Здравствен дом набави две нови теренски возила

Од:

Кумановскиот Здравствен дом со сопствени средства во вредност од милион и четириесет и осум илјади денари набави две возила „Лада Нива“, што ќе се користат за потребите на пациентите од руралните места во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

– Во кумановско има 123 села и овие теренски возила ќе ги користат екипите на Итна Помош и екипите за вакцинација, изјави директорот на Здравствениот дом од Куманово, Миомир Панковски.
Претходно од Министерството за здравство, Итната помош во Куманово доби три нови возила опремени со врвна опрема така што возниот парк на здравствената установа е значително подбрен во однос на претходните години.

– Оваа година планираме да го обновиме возниот парк со уште две нови таканаречени лесни возила, најави директорот Панковски.

Со обновениот возен парк се очекува дека ќе се подобри квалитетот на услугите што оваа здравствена установа им ги нуди на пациентите.

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он