Кумановски „Водовод“ ги чисти шахтите по интензивните врнежи од дожд

Од:

Екипите на кумановското јавно претпријатие „Водовод“ и денеска ги чистат шахтите на повеќе улици во Куманово по интензивните врнежи од дожд кои го зафатија кумановско последниве два дена. Од надлежното претпријатие велат дека една од причините, поради која водата стоеше на улиците е и несовесното однесување на граѓаните кои во шахтите фрлале текстил, душеци, облека, играчки.

Директорот на „Водовод“, Горан Стојковски, апелираше граѓаните да внимаваат што фрлаат во канализационата мрежа и да не ги приклучуваат олуците од станбените згради и домаќинствата на канлизационата мрежа, бидејќи таа нема можност да прифати несоодветен отпад.

– На „Октомвриска револуција“ има преку 15 отвори кои што вчера буквално беа затнати, од партали, душеци, парчиња, кукли и гардероба и поради тоа дојде до овој проблем. Ја користам оваа можност да најавам дека во идниот период ќе правиме комплетна реконструкција на атмосферска канализација на булеварот, со поставување на нови сливници за да се обидеме на тој начин да го превенираме овој проблем, но без помош на самите граѓани, верувајте дека ќе сме апсолутно немоќни, изјави Стојковски.

Тој апелираше за совесно однесување и ги повика граѓаните кои имаат евентаулно поплавени подруми, делови од куќи да се обратат до „Водовод“ чии што екипи ќе излезат на терен и ќе интервенираат.

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он