Куманово се вклучува во организираното собирање електронски и електричен отпад

Од:

Општина Куманово се вклучи во организираното собирање на електронскиот и електричен отпад во соработка со лиценцираниот колективен постапувач „Еколект“.

Кумановци можат да го остават електронскиот и електричниот отпад во еко магацини кои се наоѓаат во пет основни училишта во градот, односно „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Јероним де Рада“, „Кочо Рацин“ и „Христијан Карпош“.

Целта на еко-акцијата е да ги поттикне граѓаните да го отстранат опасниот отпад од домашните и деловните простории и да го остават на пропишани места.

– Целта е да се зајакне еколошката свест кај граѓаните, да се ослободат од ваков вид на отпад, да учествуваат во наградната игра и евентуално да добијат одредена награда, изјави Бобан Бојковски, овластен инспектор за животна средина во општина Куманово.

Според него, кумановци покажуваат интерес и го депонираат овој вид на отпад, односно мали куќни апарати. Оние кои оставаат ваков вид отпад, добиваат купони кои потоа ќе ги користат за наградната игра.

Извлекувањето на наградите за општините од Североисточниот регион ќе биде на 28 јуни и тоа во Крива Паланка во 10:30 часот, во Ранковце во 12 часот, во Куманово во 14 часот, а во скопската општина Гази Баба во 18 часот.

Покрај овој проект, за учениците има посебна наградна игра за собирање на батерии којашто ќе трае до ноември годинава.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе