Куманово: Поплавени неколку села и населби

Од:

Обилните дожнови што ја зафатија Македонија, предизвикаа поплави и во повеќе кумановски села и населби.

Како резултат на силниот дожд дојде до излевање на реките Кумановка, Пчиња, Којнарка, Крива Река, Слупчанка и Матејачка река.

-Во селото Пчиња се поплавени шест куќи и постои опасност од рушење на мостот ако итно не се преземат мерки. Во делот каде што се слева Крива Река во Пчиња, излевање има во селата Клечовце, Јачинце, Довезенце, Бељаковце. Во Довезенце се поплавени две куќи, а сопствениците се отсечени и бараат помош. Во Бељаковце има зафатени куќи, автомобили и трактор. Нивото на водата е над пругата. Во Средорек се поплавени 60 куќи, а нивото на реката е 2 метри – изјавија од Центарот за управување со кризи, за „Кумановоњуз“.

Во општината СтароНагоричане поплавени се селата Војник, Драгоманце, Коинце и Пелинце, а постои опасност да се сруши и мост во Коинце. Во Опае и Лопате висината на реките изнесува до еден метар.

Одрони има на патот кон Кратово, истите наскоро треба да бидат отстранети.

Од Центарот за управување со кризи изјавија дека се работи на расчистување на речното корито на Кумановка.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

(ВИДЕО) Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 332

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски