Куманово: Покачено ниво на реките

Од:

И покрај зголемувањето на водостојот на реките по последниве врнежи од дожд, во кумановско-липковскиот регион нема опасност од излевање на водите од речните корита, информираа од Центарот за управување со кризи.

Тие нагласија дека ја следат состојбата и доколку има потреба веднаш ќе интервенираат.

-Не се очекуваат полави во нашиот регион, бидејќи речните корита се исчистени и можат да примат двојно повеќе вода во однос на изминатиот период. Има благо покачување на водите, но тоа не претставува опасност за домаќинствата и земјоделското земјиште – изјавија од Центарот, за „Кумановоњуз“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он