Куманово објави повик за оброк за ранливите категории граѓани

Од:

Општина Куманово денеска објави јавен повик за остварување на право на користење народна кујна. Куманово ги повика ранливите категории граѓани да аплицираат за користење еден оброк. Според објавата за народна кујна можат да се пријават, корисници на гарантирана минимална помош, лица со многудетно семејство, корисници на минимална пензија.

За да користат, треба да поднесат барање, да обезбедат потврди дека се корисници на различни права, фотокопии од документи за идентификација и да ги достават до општинската архива со назнака „До општина Куманово, Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита“.

-За сите подносители на барања кои ќе бидат опфатени со оваа мерка, ќе се изготви решение од страна на градоначалникот на општина Куманово кое ќе биде истакнато на видно место во просториите на ЈУ-ОУД „Професор Мијалковиќ“-Куманово, како давател на услугата, информираа од општината.

Претходно, раководителот на секторот за социјална и здравствена заштита од општина Куманово, Александар Крстевски рече дека ќе реализира и народна кујна за лица од социјален ризик.

-Општината планира да обезбеди топол оброк за лицата кои се во најголем социјален ризик. Мерката ќе се спроведува со интернатот „Професор Мијалковиќ, има 5.400.000 денари за оваа намена, изјави Крстевски.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување