Куманово: На Градскиот плоштад бесплатно мерење притисок и шеќер

Од:

Денес на Градскиот плоштад во Куманово, во рамките на Светската недела на движењето, учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“ организираа неколку активности.

-Имаме штанд на кој што учениците од медицинскиот смер мерат крвниот притисок и гликемија во крвта. Во 11 часот целата група ќе тргне во една кратка прошетка до Градскиот кеј, со цел да го повика населението да се движи што повеќе, бидејќи движењето е составен дел од здравјето на луѓето-изјави Ленче Ѓоршевска Ангеловиќ, професор по практична настава во „Наце Буѓони“.

pregledKumanovo1

Ангела Стојановска ученик во четврта година истакна дека заинтересираноста за мерење крвен притисок и шеќер е голема.

-Луѓето се заинтересирани, особено повозрасните граѓани. Ние сме тука за да им помогнеме, како и за да покажеме колку се добри ваквите настани-нагласи таа.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски