Куманово: Младите на УМС и ДПСМ организираа крводарителска акција

Од:

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово младите членови на ВМРО-ДПМНЕ и ДПСМ даруваа крв. Од крводарителите беа соберени околу 40-ина крвни единици.

Ова е хуманитарна акција која ја организираме по петти пат. Во оваа календарска 2013 година за првпат организираме крводарителска акција, тука не застануваме. Досега согласно проекциите беше предвидено на оваа крводарителска акција да се појават 40 до 50 крводарители. Но таа бројка ќе се надмине. На половина од акцијата сме, и досега има собрано околу 40 единици крв – изјави претседател на УМС на ВМРО – ДПМНЕ Куманово, Срѓан Ивановски.

Претседателот на млади од ДПСМ, Далибор Китановиќ истакна дека сакаат да пратат порака до граѓаните во Куманово, без разлика на партиска, верска или каква било определеност треба да учествуваат во вакви хуманитарни акции.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане