Куманово ќе добие нов кружен тек

Од:

Куманово ќе добие уште еден кружен тек, на крстосницата на двата булевари „Октомвриска револуција“ и „Трета македонска ударна бригада“, соопштија надлежните. Изградбата ќе почне во март, наредната година. Општината доби сообраќајна согласност од Секторот за внатрешни работи Куманово, со што се создадени услови за изградба на кружен тек кај „Митев мост“.

Тендерската постапка, како што информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, е завршена уште пред девет месеци.

– Ја одлагаме имплементацијата на овој проект веднаш по завршувањето на зимската сезона во месец март. Поради временските услови и бидејќи навлегуваме во зимскиот период на годината каде што согласно законот и одлуката на советот не се дозволени прекопи на јавно прометни површини, освен ако не се работи за итни интервенции и санации на одредени дефекти-изјави Димитриевски.

Тој најави изградба на уште еден кружен тек во градот, проект којшто е влезен во програмата на општината за годинава,а се однесува на за локацијата „Серава“ односно крстосницата помеѓу улиците „Гоце Делчев“, „Бајрам Шабани“ и булеварот „Трета МУБ“.

– На следната седница на Советот ќе ја разгледуваме годишната програма за работа и буџетот за 2022-та година и ќе предложиме дополнителни вакви проекти во делот на решавање на сообраќајот во градот-рече Димитриевски.

За изградбата на првиот кружен тек на влезот во Куманово општината одвои околу 20 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе