Куманово и Марибор ќе се збратимуваат

Од:

Градоначалниците на Куманово и на Марибор, Зоран Дамјановски и Андреј Фиштравец денеска потпишаа Меморандум за соработка, а се очекува наскоро Советот на општина Куманово наскоро да донесе ослука за збратимување на двата града.

Како што посочија градоначалниците, документот е резултат на добрите пријателски односи помеѓу двата града.

– Марибор е една од најзначајните општини во Словенија со која ја продолжуваме формално-неформалната соработка во изминативе четири години. Ќе соработуваме заеднички пренесувајќи ги позитивните искуства, рече Дамјановски.

Градоначалникот Фиштравец рече дека Марибор исто како и Куманово е мултиетнички град и посочи дека тоа искуство може да се разменува. Но, најбитна е економската соработка, како и можноста за размена на искуства на тој план, потенцираа двајцата градоначалници по потпишувањето на Меморандумот за соработка.

– Се отвораме во светот барајќи нови инвестотири насекаде во Кина, Блискиот Исток, Америка, дојдовме во Куманово и сигурно ќе пронајдеме нешто што е во зеднички интерес, рече Фиштравец.

Дамјановски потсети дека во изминативе години Куманово остварува одлична соработка со словенечките компании и ја потенцираше набавка на комуналната опрема и камиони од словенечка компанија, како и опремата за спортските сали и атлетскиот полигон од словенечка компанија, како и присуството на фирми од Словенија во Македонија.

На средбата беше потенцирана и можноста кумановското јавно претпријатие „Водовод“ од Куманово да размени искуство од јавното претпријатие од Марибор за кое Дамјановски нагласи дека е прогласено за најуспешно претпријатие од тој ранг во Словенија.
Двајцата градоначалници денеска ги посетија „Занаетчискиот дом“ и затворениот базен.

Би можело да ве интересира

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он